СКОПЈЕ

Филип Рикер неделава во Скопје

22.07.2019 11:19

Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, неделава ќе ја посети Северна Македонија, соопшти Стејт департментот.

Предвидени се средби со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници. Централни теми ќе бидат билатералните прашања и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија ќе разговара и со пратеници и со претставници на опозицијата. Средби ќе има и со претставници на граѓанското општество и на бизнис заедницата, се вели во соопштението на Стејт департментот..