ТЕХЕРАН

Иран уапси 17 агенти

22.07.2019 13:30

Иранска агенција „ФАРС“ соопшти дека иранските власти откриле шпионска мрежа на ЦИА агенти кои делувале на територијата на Иран.

Официјален претставник на агенцијата сооопшти дека била откриена голема кибер шпионска мрежа со која раководи ЦИА. Понатаму се наведува дека биле идентификувани 17 шпиони на ЦИА, како и дека неколку од нив експресно биле осудени на смрт. Се очекува реакција на САД, кои со месеци е во судир со Иран, прво околу повлекувањето на Вашингтон од иранскиот нуклеарен договор, а потоа и околу нападнатите и запленети танкери во Персискиот залив.