ЈО
Пронајден вториот телефон на Катица Јанева
23.07.2019 10:52
Јавното обвинителство го обезбеди и вториот мобилен телефон кој и припаѓаше на специјалната обвинителка Катица Јанева, а која тврдеше дека го загубила во Белград.

Лицето, пак, кај кое е пронајден телефонот изјавило дека апаратот е добиен на подарок. Обвинителството го лоцираше мобилниот преку издадено барање до мобилните оператори за следење на меѓународен идентитет на мобилна опрема. Со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен и предаден на вештачење. Ќе се испитува дали бил средство на СЈО.
