СЈО

Катица Јанева во СЈО

23.07.2019 14:23

Специјалната јавна обвинителка во оставка , Хатица Јанева, денеска се појави во просториите на СЈО.

Засега  нема информации зошто Јанева дошла во СЈО. Таа од минатиот вторник беше на боледување, откако во понеделникот си даде оставка на функцијата и од тогаш е недостапна за јавноста.

Јавното обвинителство  соопшти дека е  обезбеден  и вториот мобилен телефон  што  и припаѓаше на специјалната обвинителка Катица Јанева, а која тврдеше дека го загубила во Белград. Лицето, пак, кај кое е пронајден телефонот изјавило дека апаратот е добиен на подарок. Обвинителството го лоцираше мобилниот преку издадено барање до мобилните оператори за следење на меѓународен идентитет на мобилна опрема. Со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен и предаден на вештачење. Ќе се испитува дали бил средство на СЈО.