ФУДБАЛ
Пораз на Шкендија во квалификациите во Лига Европа
24.07.2019 10:57
Македонскиот шампион Шкендија загуби од Дуделанж, на домашен терен, во второто коло од квалификациите во Лига Европа, во т.н. Патека на шампионите, со 1:2.

Головите ги постигнаа Ибраими во 7-та минута од пенал за домаќинот, во 64-та Бетаиеб изедначи на 1:1, а конечните 1:2 ги постави Синани во 68-та минута од пенал за гостинската екипа.
Реваншот ќе се одигра на 30-ти јули во Луксембург.
