КОШАРКА

Дрим тимот на САД се распаѓа

24.07.2019 11:00

Никој од големите ѕвезди не сака да учествува во следната кампања на американската селекција. Дејмијан Лилард и ДеМар ДеРозан се последните двајца што го одбија повикот на селекторот Грег Попович.

Пред овие двајца, од селекцијата се откажаа и Џејмс Харден, односно Ентони Дејвис. Изјавата на сите играчи кои што го одбиваат повикот на селекторот е дека сакаат да се концентрираат на обврските што ги имаат со своите тимови.

Репрезентацијата на Американците е актуелен и двоен светски шампион и на првенството во Кина, од 31-ви август до 15-ти септември, ќе ги брани двете злата освоени на претходните две светски првенства.