БИТОЛА

Рикер во посета на Битола

25.07.2019 10:41

Филип Рикер, вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија денеска ќе ја посети Општина Битола.

Според најавата од Стејт Департментот, Рикер утре ќе се сретне со претседателот Пендаровски, со премиерот Заев, министерот за надворешни работи Димитров и други владини претставници.. Ќе разговара и со пратеници и со претставници на опозицијата.. Билатералните прашања и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ се централни теми на средбите..