ЕНЕРГЕТИКА

Пазарот е најмногу отворен во Северна Македонија

25.07.2019 22:18

Од сите земји-членки на Енергетската заедница Северна Македонија најмногу напредуваше последнава година во реализација на енергетските реформи и нејзиниот пазар е најмногу отворен во однос на другите држави , изјави Јанез Копач директор на секретаријатот на оваа институција со седиште во Виена.

Вели дека Регулаторната комисија функционира одлично и  се донесени  над 30 подзаконски акти со што многу се променети состојбите во енергетскиот сектор во однос на лани. 
 
Јанез Копач-директор на секретаријатот на Енергетската заедница-Виена
,,Од сите земји членки на Енергетската заедница пазарот со електрична енергија е најмногу  отворен во Северна Македонија.Сега 60 до 65% од вкупната електрична енергија се продадени на слободниот пазар.Тоа  не е случај никаде  на друго место.Во србија  тоа е далеку под половина, во црна гора е околу половина ,а сите други земји се со далеку помал процент. И сето тоа е направено без какви било потреси за населението.“
 
Во моментов околу 4000 компании се излезени на слободниот пазар при што нивните трошоци  за набавка на електрична енергија се намалени за  третина , изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски .
 
Марко Бислимоски-претседател на Регулаторна комисија за енергетика
,, Порано излегуваа компании што имаат поголема потрошувачка,а сега овие компании се со помала потрошувачка ,но како број се многу поголеми.Имаат намалување на трошоците за електрична енергија,порано кажував дека е меѓу 20 и 30%, а сега  е веќе извесно дека  имаат меѓу  27 до 32% намалување на вкупните трошоци за електрична енергија .
 
Либерализацијата на пазарот е секогаш во корист на потрошувачот и доколку има проблеми во функционирањето тука е регулаторот да интервенира,смета Копач. Поради движењето на цената на струјата на регионалните берзи засега деветте снабдувачи не се заинтересирани да им дадат конкурентни понуди на домаќинствата во земјава, вели првиот човек на Регулаторна  Бислимоски .
 
Свето Николовски