ЗЕМЈОТРЕС
56 години од катастрофалниот земјотрес
26.07.2019 11:05
Изминаа 56 години од катастрофалниот земјотрес во кој 1070 жители на Скопје го загубија животот, а 3000 беа повредени.

Официјални делегации и претставници на институции претпладнево ќе положат цвеќе на споменикот на жртвите од земјотресот на градските гробишта во Бутел. Во домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ од 9 часот веќе се спроведува традиционалната крводарителска акција, а за вечерва во градскиот парк е најавен концерт со којшто се одбележува годишнина од катастрофалниот земјотрес..
