Регулаторна за цена на нестандарден приклучок
Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека со измените на мрежните правила во дистрибуцијата во иднина граѓаните наместо цена од над 3000 евра за нестандарден приклучок за објекти изградени на простор за кој општините немаат донесено детален урбанистички план ,ќе плаќаат намалена цена за стандарден приклучок која изнесува 400 евра .

Марко Бислимоски-претседател на Регулаторна комисија за енергетика
,,И онаму каде што нема донесено соодветна планска документација, но ќе се утврди и ќе се увиди дека веќе има изградено повеќе куќи и има повеќе потенцијални баратели овие категории на приклучоци истотака ќе добијат третман на стандарден приклучок .Ова значи дека повеќе нема да влегуваат во категорија на нестандардни приклучоци и да добиваат трошок за приклуок од 3000 евра па нагоре, ќе бидат опфатени во оваа категорија на стандарден приклучок и ќе плаќаат 400 евра.“
Регулаторна апелира до сите општини што побрзо да ги донесат деталните урбанистички планови и плански документации со цел да се намалуваат трошоците за приклучок на граѓаните на дистрибутивната мрежа,но истотака и операторот да може да ја планира изградбата на мрежата.Најмногу вакви приклучоци според Регулаторна има во западниот дел на земјава,особено во гостиварско,тетовско и во реканскиот крај,каде што граѓаните плаќаат меѓу 3000 и 6000 евра за приклучпк на дистрибутивната мрежа, зависно од оддалеченоста на објектот од трафостаницата.Што се однесува до либерализацијата на пазарот со електрична енергија ,според пресметките на регулаторот ,трошокот на малите компании е намален за 32,4% во однос на цената на таканаречената индустриска струја.За излегување на домаќинствата на слободен пазар се уште не се создадени реални предуслови,вели Бислимоски .
Марко Бислимоски-претседател на Регулаторна комисија за енергетика
,,Во овој момент цената на регионалниот пазар на електрична енергија изнесува околу 65 евра за мегаватчас,што е околу 4 денари за киловат час.Кога на тоа ќе се додаде трошокот за мрежарина ,за дистрибуција и за пренос ,што изнесува некаде околу 2 денара ,всушност би имале цена од околу 6 денари за квч,а во овој момент на регулираниот пазар потрошувачите плаќаат 4,5 до 4,6 денари за киловатчас.“
За да биде конкурентен слободниот пазар цената на киловатчас би требало да падне на ниво од 2,4 до 2,6 денари за киловатчас електрична енергија,за да можат снабдувачите да им дадат конкурентна понуда на домаќинствата,појасни Бислимоски .
Свето Николовски
