Парното преку БЕГ поевтино за 6%
Од утре поевтинува парното. За потрошувачите приклучени на системот на БЕГ-Снабдување сметките ќе бидат помали за 6%, додека греењето преку ЕСМ-Енергетика ќе поевтини за 13,5%, а преку ,,Скопје- Север“ за 12%.

Анализите на Регулаторна покажале дека природниот гас во изминатата година поскапел за петтина,а заедно со другите расходи трошоци биле зголемени за 2,6 милиони евра.Ова било делумно амортизирано со намалување на цената на топлинската енергија што БЕГ ја презема од Те-То ,како и со намалувањето на ДДВ за топлинска енергија од 18 на 5%.
Марко Бислимоски-претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги
На топланата ,, Скопје-Север“ се приклучени само 450 потрошувачи што е нерационално и предизвикува големи трошоци .Затоа Регулаторна ќе предложи тие да се префрлат на системот на БЕГ или пак на ЕСМ-Енергетика. Што се однесува до одлуката на Владата на град Скопје да му се даде на трајно користење топловодната мрежа,Регулаторна со објаснување дека лиценца за вршење енергетска дејност се издава на барање на компанија што има сопствени средства или пак ги има земено во закуп .
Марко Бислимоски-претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги
,, Досега ниту градот ниту пак новоформираната компанија ГЕС не поднеле барање за издавање лиценца за вршење енергетска дејност. Не очекувам зголемување на трошоците за топлинска енергија без оглед кој ќе ја врши дејноста. Градот и Владата треба да ги проверат договорите за закуп. “
Греењето преку централен топлификационен систем е најефикасен начин на затоплување на становите и објектите ,вели Бислимоски и затоа во новиот закон за градење ќе се иницира одредба сите нови згради и објекти што ќе се градат,а за кои има технички можности ,да бидат на него приклучени.Се предвидува и мотивирање исклучените потрошували да се вратат во системот Со тоа дополнително ќе се намали цената на топлинската енергија за сите нејзини корисници ,велат од Комисијата.
Свето Николовски
