ИЛИНДЕН

48. Семакедонска средба

02.08.2019 10:15

Под мотото „Човекови права за сите и против секаква дискриминација и асимилација“, денеска во црквата „Успение на Пресвета Борогородица“ во потпелистерското село Трново ќе се одржи 48. Семакедонска и 39. Погранична средба на македонците од државата и светот.

Традиционалниот настан го организираат матицата на иселениците од Македонија, здружението на македонците од егејскиот дел на Македонија во Битола, Светскиот македонски конгрес и Сојузот на здруженијата на македонците и децата бегалци од егејскиот дел на Македонија „Македон“.