Крај на нуклеарниот договор со Русија
Вашингтон официјално се повлекува од нуклеарниот договор со Русија.

Пактот за забрана за нуклеарни сили со среден дострел беше потпишан во 1987 година од тогашниот американски претседател Реган и советскиот лидер Горбачов. Доколку не биде заменет со договорот старт, двата најголеми нуклеарни арсенали остануваат без никакво ограничување.
САД официјално се повлекуваат од Нуклеарниот пакт со Русија склучен во ерата на Студената војна. Заедно со НАТО ја обвинуваат Москва за непочитување на Договорот за забрана за нуклеарни сили со среден дострел, тврдејќи дека Русија создавала нов тип крстосувачки проектил. Москва ги отфрла обвинувањата и гарантира дека се придржува коН обврските од Спогодбата од која Вашингтон се повлече на 2 февруари годинава.
Доналд Трамп - Претседател на САД
Ќе видиме што ќе се случи. Би рекол дека Русија сака да направи нешто за нуклеарниот пакт. За мене, тоа е во ред. Тие би сакале да преземат нешто, а и јас исто така.
Марија Захарова - Портпарол на руското МНР
Се лишија од можноста да искористат огромен избор на дипломатски ресурси и инструменти за решавање различни прашања и проблеми, оставајќи ги санкциите како единствен иснтрумент. Тој не функционира, не се докажа никаде. Кога некоја голема и моќна земја употребува еднострани санкции како елемент за решавање на проблем, тоа значи дека се согласува дека постои неуспех на своите институции.
Ако двете сили не го заменат со нова верзија на договорот СТАРТ, кој истекува во 2021 година, за првпат по половина век нема да има никакви ограничувања за двата најголеми нуклеарни арсенали во светот. Аналитичарите предупредија дека колапсот на историскиот договор може да резултира со нова трка во вооружување меѓу САД, Русија и Кина.
