Конте повторно најдобар!
03.03.2014 17:26
Втора година по ред Антонио Конте е избран за најдобар тренер во Серија А.

Предводникот на Јувентус освои 26 од 64 гласа на тренерите од другите екипи во Италија. Второто место му припадна на Винченцо Монтела од Фиорентина, а третото на Валтер Мацари.
Критериумите во гласањето се според постигнувањата на тимовите во минатата натпреварувачка сезона кога Јувентус ја одбрани шампионската круна. Еусебио Ди Франческо беше прогласен за најдобар тренер во Серија Б поради тоа што првпат во историјата го доведе клубот во елитната конкуренција.
