НАВОДНУВАЊЕ

Сушата на нивите продолжува

02.09.2019 10:57

Втора година по ред земјоделците се соочуваат со недостиг на влага во почвата кога им е најпотребна.

Експертите препорачуваат наводнување , но голем дел од македонските ниви немаат пристап до акумулациите. Тиквешките лозари веќе стравуваат дека сушата предвреме го собра родот.

Стабилното и суво време кое се одржува подолг период над нашето подрачје овозможува неповолни услови за развој на земјоделските култури заради ниската влага во почвата која ја намалува продуктивноста.

Експертите порачуваат дека основна активност кај производителите на храна е да ги искористат сите можни капацитети за наводнување, како кај поледелските така и кај овошните насади каде наводнувањето е од особена важност за формирањето на родните папки за наредната година.

Наводнувањето во овој период период да биде главната преокупација на земјоделците без разлика дали ќе се изведува со површински или со подземни води, битно е посевите и насадите  да се одржат во живот и во кондиција.

Лозарите веќе бараат да се прогласи елеменатрна непогода во Тиквешијата зашто на некои места има штети и преку 90 проценти, и велат дека сушата предвреме го „собрала“ родот од лозови плантажи.