Уметничко лизгање

Операцијата успешна, кариерата...

03.03.2014 17:29

Успешно мина операцијата на грбот на двократниот олимписки шампион во уметничко лизгање Евгениј Плушенко.

Откако освои злато во екипна конкуренција, рускиот натпреварувач го откажа настапот во поединечна конкуренција на Олимписките зимски игри во Сочи и најави дека ќе ја заврши кариерата.

„Операцијата траеше три и пол часа. Се чувствува одлично. Мислам дека уште утре ќе стане и ќе оди“, оптимистички делува изјавата на Игор Патигорски, раководител на израелската болница во којашто беше опериран Плушченко.

Покрај двете злата во Сочи и во Торино, славниот руски натпреварувач во уметничко лизгање има и две олимписки сребра, а од светските првенства освои пет медали. Трипати стана мундијалски првак, еднаш беше сребрен, а еднаш бронзен.