АХВ

Субвенции за превентивно колење на селските свињи

03.09.2019 10:58

Принудното колење на селските свињи кои се чуваат без биосигурносни мерки ќе се врши во кланиците.

Цените ќе бидат пазарни, а државата ќе ја исплатува разликата меѓу кланичната и комерцијалната цена за секое животно. Се проценува дека скоро 20 000 домашни свињи треба да бидат отсранети поради ризикот од добиточната болест африканска свинска чума.

Договорени се цените по кои кланичарите ќе ги откупат прасињата од државата. Исплатата ќе биде според пазарната цена.

Принудното колење поради опасноста од појавата на болеста африканска чума се однесува на фармите кои не ги задоволуваат основните биосигурносни мерки, односно добитокот кај селските домаќинства.

Проценката на Агенцијата за харана и ветеринарство е дека треба да се заколат од 18.000 до 20.000 свињи од домашните фарми.

Оваа мерка се предвидува поради тоа што доколку дојде до појава на болеста , малите семејни фармери кои немаат регистрирано одгледувалиште или обележани свињи, не ќе можат да бидат обештетени од државата.

Досега се заловени и 28 дивите свињи и кај ниту една од нив не е пронајдено можно присуство на африканска чума иако се уште се чекаат резултатите од лабораториските анализи.