Приведен поранешен пратеник
Извлекувани податоци од регистри на други фирми

Приведен е поранешниот пратеник на НСДП Љубомир Јосифовски, информираат од МВР. Јосифовски кој бил на распит во Полициската станица Беко во Скопје се сомничи за неовластено влегување во компјутерскиот систем на Централниот Регистар. Бирото за компјутерски криминал и дигитална форензика по налогот на јавниот обвинител го привело Јосифовски поради сомнение за стореното кривично дело. Од Централниот Регистар ги потврдуваат информациите за упадот и посочуваат дека до Министерството за внатрешни е поднесена соодветна пријава. Според оваа установа, Друштвото за обработка на податоци и хостирање Инфогруп од Скопје ја злоупотребило безбедноста на системот и неовластено обезбедувало податоци од регистри водени од Централниот Регистар. Притоа, не биле нарушени состојбата и интегритетот на податоците, сите услуги се соодветно заштитени и непречено функционираат, велат во централниот регистар. МВР најави кривична пријава за Јосифовски.
Зоран Богатинов
