Достава на картичките за зелена нафта
Привршува доставувањето на картичките за зелената нафта.

Повеќе од 90 проценти од земјоделците кои ги исполнуваат условите веќе ги добија парите, а за 20 дена искористиле 15 милиони денари. Вкупно за оваа намена се обезбедени 200 милиони денари за 55 000 земјоделци.
Голем дел од земјоделците во земјава веќе ги користат зелените картички. Според последните информации од Макпетрол за само 20-тина дена се искористени 14,5 милиони денари односно за толкава сума е наточено гориво, велат од платежната агенција.
Иако рокот за доставување беше 60 дена, целата процедура е завршена порано за скоро еден месец. Досега се поделени 56.000 картички со вкупна вредност од 128 милиони денари.
Во следниот период ќе се поделат и останатите картички на земјоделците кои претходно треба да ги платат заостанатите обврските кон државата.
Мерката за субвенционирана нафта, за прв пат се воведува од оваа година со единствена цел да се олесни производството на земјоделците.
Бидејќи се работи за нова мерка, за почеток државата ќе покрива 30 отсто од трошоците што земјоделците ги имаат за набавка на гориво за механизацијата, со можност овој процент во следните години да расте и до 50 проценти.
