ДЕПОНИJA

Отпадот од кланиците ќе се преработува

05.09.2019 11:16

Продолжуваат активностите за изградба на капацитет за преработка на отпад од кланичната индустрија.

Планот е објектот да биде лоцирана во општина Лозово, а обезбедени се и 9,5  милиони евра. Ветеринарните власти сметаат дека оваа инвестиција може да биде реализирана за 2 години.

Агенцијата за храна и ветеринарство најавува изградба на кафилерија. Капацитет во кој ќе се преработува отпадот од кланиците и треба да  биде лоцирана во Општина Лозово. Парите  од  9,5 милиони евра, се веќе обезбедени од европските ИПА фондови и преку заем од Светск банка. Фабриката треба да биде завршена за 2 години. На почеток ќе се произведуваат високоеенергетски масла, а по три години ќе се почне и со продукција на биопротеини.

Во моментов отпадоците завршуваа на депонии кои ја загадуваат животната средината, а домаќинствата и приватните сточари за да се решат од одпадоците копаат јами без основните хигиенски и здравствени сигурносни стандарди.

Се работи за коски, внатрешни органи од кланици, расипани прозводи од месо, млеко и мрши  кои може да се искористат и со чија преработка ќе имат вредност. Засега е планирано од производите од отпадоците, таканаречените нус-производи  да се добиваат високоеенергетски масла кои ќе се искористат за производство на енергија.

 Годишно во земјава се „создаваат“ околу 15.000 - 20.000 тони нус-производи.