Скопје и Приштина ги тргнаа блокадите
Скопје и Приштина ја спуштија топката. Двете страни ги тргнаа трговските блокади.

Компирот, медот, икри и помдладок од риба повторно може слободно да минуваат низ границите. Косово до земјава ја доставило потребната документација.
Скопје и Приштина најдоа заеднички јазик. Министерството за економија добило потврда од косовските колеги дека ги спуштаат рампите за нашите компир и мед. Соседната земја е веќе ставена на листата на држави од кои може да се увезуваат икри и подмладок на риба. Приштина ја достави документацијата за програмата за спроведување активен и пасивен мониторинг.
„Програмата што тие ја доставија до нашата Агенција за храна и ветеринарство укажува на начинот и акциониот план како тие во иднина ќе ги спроведуваат мерките. Ако ние утрврдиме дека тие не ја спроведуваат програмата повторно ќе ги тргнеме од листата. Целта ни е нашите производители да имаат дозвола да извесуваа на европскиот пазар, а ЕУ бара програмата да се имплементира“,изјави Крешник Бектеши, министер за економија
Министерот за економија очекува до крајот на годинава да добиеме дозвола за извоз на компирот на европските пазари. Таму медот слободно се пласира, бидејќи компаниите од земјава ги исполнуваат сите стандарди. Бектеши останува на ставот дека земјава не претрпела штета од косовската блокада.
„За овие седум или осум месеци нашите извозници направија голем обрт и извоз на компири и мед во Косово и на други пазари. Можам да кажам дека штетите за нашите извозници и производители се нула, а со овие тие добиваат само уште еден пазар за пласман на производите“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија
Податоците од последниве 3,5 години покажуваат дека трговската размена на овие производи меѓу двете земји е скромна. Вредноста на извозот на медот изнесува околу 1,5 милион евра или околу 350 тони, на компирот вреди едвај 400 илјади, а од Косово сме увезле икри во вредност од едвај 300 илјади евра. Работата на извозниците треба дополнително да им се олесни со отворање заедничка гранична контрола.
