Светско првенство Кина 2019
Турција најголем губитник во првата фаза

Пред два дена беа пред сензационална победа против Американците, а по последното коло од првата фаза турските кошаркари се најголеми губитници репрезентации на Светското првенство. Чешка ги разочара Турците, додека во другите дуели немаше неочекувани резултати, не е тоа ниту победата на Австралија против Литванија.
Чешките кошаркари славеа против Турција со 91:65 и како втори од групата Е влегоа во следниот круг. Американците беа немилосрдни и ја совладаа Јапонија со 98:45 за прво место и во оваа и во новоформираната група К. САД и Бразил којшто триумфираше против Црна Гора со 84:73 ќе стартуваат со максимални шест бода, Чешка и Грција со по пет. Грците го елиминираа Нов Зеланд совладувајќи го со 103:97.
Во директниот дуел Франција немаше проблеми против Доминиканската република и со триумфот од 90:56 остана на првото место во конкуренцијата Г. Во мечот без значење, Германија беше поуспешна од Јордан со 96:62.
Еден натпревар беше клучен и во сегментот Х.. Австралија ја победи Литванија со 87:83 и и го презема првото место. Во формалната пресметка Канада беше подобра од Сенегал со 82:60.
Пол позициите во групата Л ќе ги имаат Франција и Австралија со по шест бода, Литванија и Доминикана ќе почнат со по пет во трката за двете подобри позиции што обезбедуваат четвртфинале.
