Отворено првенство на САД
Надал и Андрееску последни полуфиналисти

Резултатите покажаа дека изненедувањата на 139-то Отворено првенство на САД во тенис се редовни, а не случајни, но факт е дека Рафаел Надал има отворен пат кон 19-та голема титула. Шпанскиот тенисер е единствен од Топ 3 во њујоршката четворка и само тој освојувал грен - слем титули, поточно конкурентите не ни играле финале. Теоретски иста е и позицијата на Серена Вилијамс во пресрет на полуфиналните дуели во женска конкуренција.
33-то полуфинале на турнирите од највредната категорија за 33-годишниот Надал. Рутински 6:4, 7:5 и 6:2 за вториот светски тенисер против 20-от носител, Аргентинецот Диего Шварцман. По два часа и 40 минути игра, Шпанецот влезе во осмото полуфинале на Флешинг Медоус и се доближи на два триумфа до четвртата американска титула. Првпат во кариерата Надал ќе игра против Матео Беретини.
25-то рангираниот Италијанец, за првото полуфинале во осумте досегашни грен - слем настапи претходно во пет сета го совлада Французинот, Гаел Монфис. Од другата двојка, Бугаринот Григор димитров во пресрет на дуелот со петиот фаворит, Русинот Данил Медведев има полуфинале и тоа две, на Вимблдон и во Мелбурн.
Кај дамите, Бјанка Андрееску дебитира на грен - слем турнирите и веднаш стигна до полуфиналето. 19-годишниата Канаѓанка го загуби првиот сет со 6:3, но во следните беше подобра од Белгијката, Елис Мертенс со 6:2 и 6:3. Андрееску никогаш досега не се соочила со Швајцарката, Белинда Бенчиќ која со победата со 2:0 против Дона Векиќ од Хрватска, го постигна најголемиот успех во кариерата.
Серена Вилјамас како шесткратна победничка на Американскиот Опен за противника ќе ја има најдоброрангираната во полуфиналната конкуренција, петтата носителка, Елина Свитолина од Украина.
