Средба на работните групи за ЈО
Нов обид за договор меѓу власта и опозицијата

Попладне во Собранието продолжуваат разговорите на работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство, со кој се решава и статусот на СЈО. Се уште нема договор за судбината на предметите што ги отвори СЈО, за новиот шеф на обвинителството и за статусот на помошниците на Катица Јанева. ВМРО-ДПМНЕ побара тие да го предложат новиот шеф на обвинителството за организиран криминал и корупција, кој според партијата би можело да се бара и од редот на професорите, а не само од обвинителите. Според информациите на МТВ, во Министерството за правда пак, продолжуваат консултациите за преземање на сите судски предмети, истраги и обвиненија од СЈО кај јавниот обвинител Јовески, откако Јанева даде полномошно за трансфер на предметите.
Милчо Велески
