ЗООЛОШКА ГРАДИНА

Меѓународен ден за запознавање со ретките птици

06.09.2019 14:15

Во нашата земја живеат 4 видови орли – мршојадци кои се заштитени со закон. Не ловат жив плен, не се штетни и се хранат со мртви животни и спречуваат ширење на зарази.

Во последниве  години со едукација на населението се зголемува и свеста на луѓето, со што јасно е дека овие ретки птици се корисни и природни чистачи на природата. Белоглавиот, црниот, брадестиот и египетскиот мршојадец се на работ на исчезнување, но сепак има волонтери од невладини организации кои се грижат за нив. Приказната за големата птица “грабливка” која се храни со мрша, во сабота од 10 до 15 часот ќе биде презентирана во Скопската зоолошка градина со прослава на меѓународниот ден за запознавање со мршојадците. Сите посетители  ќе имаат шанса на интересен начин да научат нешто повеќе за овие ретки и честопати заборавени птици, како и да се запознаат со мерките кои се превземаат за нивна заштита во регионот. Настанот е наменет за сите возрасти а истиот ќе се одржи веднаш до одделот за мршојадци и грабливи птици во Зоолошката градина.

Подготви  Анита Никушева- Јованчев-новинар