КУЛТУРА

Фестивал на комедијата Гола месечина

06.09.2019 14:21

Недела на комедијата во Општина Аеродром

На Меѓународниот фестивал на комедијата вечерва ќе настапат актерите од Драмскиот театар од Скопје со претставата Како да се ограби банка работена по текст на Сами Фејд, во режија на Иван Манасковски.

Оваа комедија на ситуации говори за едно крајно сиромашно семејство кое се решава на крајно екстремен чекор – да ограби бабнка за да ја реши сиромаштијата.

На отворената сцена во спортскиот центар во Ново Лисиче ќе ги видиме актерите Лазе Манасковски, Марија Кондовска,  Гоце Тодоровски, Калина Наумовска и Игор Георгиев.

До затворањето на деветти септември, публиката ќе може да види уште две претстави и документарниот филм за актерката Анче Џамбазова.

Подготви Тања Сарандеска