„Урбани пагани“ изложба за истражување и доживување на паганството
Во Младинскиот културен центар во тек е изложбата на група уметници насловена „Урбани пагани“.

На изложбата се претставени слики, скулптури и рачно изработен накит. Уметниците Весна Ничевска, Горазд Христов, Гордана Винчиќ, Дарко Богданов, Игор Љубовчевски , Смиле Цветановски и Стефани Христов себе си се нарекуваат трагачи по вистината, формирајќи модерни, религиозни, духовни и магични традиции кои се свесно инспирирани од предеврејското, претхристијанското и предисламското верување во Европа, Северна Африка и Блискиот Исток. Со изложените дела уметниците сакаат да ја поттикнат желбата за истражување на паганството како дел од душевниот и спиритуалниот развој на нашите претци. Изложбата ,, Урбани пагани,, во Младинскиот културен центар ќе биде поставена до 20 септември.
