Македонскиот ракометен вицепрвак се засилува
Борозан ново име во Металург
03.03.2014 17:46
Во овој можеби најневралгичен дел од сезоната, ракометниот клуб Металург мисли и на иднината.

Од денеска нов член на клубот и официјално е младиот Црногорец Вуко Борозан. 203 см високиот талентиран лев бек доаѓа од Карловац, каде што до неодамна играше заедно со Лука Циндриќ. Потпиша договор на две и пол години.
„Драго ми е што дојдов во клуб со многу богата традиција и со амбиции на сите фронтови. Чест ми е што ќе бидам дел од клуб којшто игра во Лигата на шампионите и којшто досега ја покажал својата големина. Посебно ми е драго и голема чест што ќе работам со стручњак каков што е Лино Червар. Тој е еден од најдобрите тренери на светог“, изјави Борозан на неговата промоција, веднаш по потпишувањето на договорот.
