Газираните сокови фактор плус за предвремена смрт
Безалкохолните газирани сокови, независно дали содржат шеќер или вештачки засладувачи според последните истражувања се неведени како фактор плус за зголемување на ризикот од предвремена смрт кај луѓето, па дури и како можен причинител за појава на Паркинсонова болест.

Истрачувањето опфатило над 450.000 возрасни лица од 10 европски земји – Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Холандија, Норвешка, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство во период од 19 години,а заклучоците од него велат дека луѓето кои пијат две или повеќе чаши од 250 грама газирана напивка на ден, имаат поголем ризик од предвремена смрт за разлика од оние што пијат најмногу една чаша месечно и тоа оние кои пијат сок со шеќер секој ден, имаат поголеми шанси да имаат проблеми со системот за варење, а пак, оние што секојдневно пијат газиран сок со вештачки засладувачи, имаат повисок ризик од срцеви заболувања.
– Нашите резултатите уште еднаш потврдува дека газираните напитоци треба да се избегнуваат и заменат со други, поздрави сокови, а најубаво – со вода, смета еден од авторите на истражувањето, Нил Марфи од Меѓународната агенција за истражување на ракот.
Трудот исто така, открива дека една или повеќе чаши обичен или диетален газиран сок се ризик фактор појава на Паркинсоновата болест и други нарушувања на нервниот систем, што го засегаат движењето на човекот. Но, на оваа теорија ѝ требаат дополнителни испитувања кои би ја потврдиле велат стручните лица.
