ТУРЦИЈА

Ердоган: Ќе пратам нов бегалски бран кон Европа

06.09.2019 15:24

Европа се соочува со нова опасност од масовен мигрантски бран...

Турскиот претседател Ердоган предупреди дека ќе ги отвори границите бидејќи западот не ги исполнил ветувањата за праведна распределба на товарот...  Според договорот со ЕУ,  илегалните мигранти кои влегле во Грција треба да се вратат во Турцијаво замена за финансиска помош од 6 милијарди евра на Анкара.

„Турција ќе биде принудена да ги отвори своите граници“, се закани претседателот на ТурцијаРеџеп Таип Ердоган,револтиран од недоволната поддршка во однос на распределбата на мигрантите. На состанокот на градските претставници на неговата Партија на правдата и развојот (АКП) најави дека Турција планира да прифати најмалку милион Сиријци по границата од 450 километри во подрачје каде што ќе се формира „безбедна зона“ до крајот на септември. Шефот на турската држава ја обвини Европската унија за пренискиот фонд којшто го потрошила за прифаќање на сириските бегалци во однос на буџетот што го одвоила Анкара.

Реџеп Таип Ердоган - Претседател на Турција

На Турција и се заканува бран од милиони нови бегалци и веќе не можеме да молчиме за ситуацијата источно од Еуфрат. За сите нас, идеално решение е да го постигнеме ова заедно со нашите американски пријатели. Но ако не биде воспоставена основа, нашите подготовки се завршени и почнуваме со сопствени средства.

Трпението го губи и официјална Атина. Бројот на мигранти во Грцијасе зголемува и властите предупредуваат на нова криза на егејското крајбрежје.

Во еден шатор има три семејства. Како да живееме така? Колку долго? Мојот случај за азил ќе се разгледува во март идната година, а на брат ми една година подоцна. Дотогаш остануваме во вакви услови. Мора да си одиме од островот.

 

Имам 60 години, ме болат нозете и имам проблем со срцето. Властите ми дадоа дозвола да патувам до Атина и да одам на лекар, но не му дозволуваат на син ми да дојде. Се побунив, но ништо не се смени. Јас не можам да патувам сам, ова е нехумано.
 

Министерот за надворешни работи Никос Дендијас го повика турскиот амбасадор во Грција поради најновите случувања, а владата веќе одржа вонреден состанок за подобра координација за проблемот. За нив,главното прашање е што ќе се случува по истекот на Договорот меѓу ЕУ и Анкара на крајот на годинава. Со спогодбата се затвори Балканската рута, некогашната главна патека за бегалците од војната во Сирија. Во замена за блокирањето на оние кои минуваат преку Грција, Брисел и понуди на Турција 6 милијарди евра и можност за забрзување на пристапните преговори за блокот.