КОНЦЕРТ

По повод 8 сптември концерт на Даница Стојанова во Рим

06.09.2019 18:31

Македонската пијанистка ДАНИЦА СТОЈАНОВА на 5 септември по повод денот на независноста на Република Северна Македонија одржа рецитал во салата Балдини во Рим.

Задоволна и среќна таа безрезервно ги сподели впечатоците за националниот сервис Македонска телевизија со зборовите:

„ Овој настап за мене е посебен… во овој  моментот единствено што ми доаѓа како компарација е како да сум ја предала штафетната палка на Тито… кој знае  и се сеќава на таа чест и гордост , ќе ме разбере...  Свеченоста започна најнапред со интонирање на химните на   Република Италија и  Северна Македонија и секако обрќање на Г ѓа Магдалена Димова вршител на должноста во амбасадата  во Рим кон дипломатскиот кор и останатите гости на приемот. По протоколарниот дел следеше мојот настап во прочуената сала Балдини , во која  патем речено за прв пат настапив пред 27 години по повод повод чествувањето  на Св. Кирил и Методиј, а оваа вечер  по повод независноста на мојата земја. Навистина прекрасно чувство!  Се претставив со дел од композиторскиот опус на Томислав Зографски, Гоце Коларовски и Јана Андреевска, а на  барање на публиката изведов еден бис од Фредерик Шопен.  На крајот  искрено   се обратив кон публиката со зборовите дека мојата земја е навистина  посебна  и  дека уметноста е таа што го прави светот убав.

 За време на коктелот во Градините Кампители честитките и воодеушевувањата од македонската музика не стивнуваа   од страна на дипломатите   од  Белорусија, Турција, Грција, Хрватска, Словенија, Норвешка, Црна Гора итн , а особена радост за мене беше присуството и подршката на македонските сограѓани  кои живеаат и работат во Рим.  Како уметник, учител и вљубеник во нашата земја, имињата на македонските композитори постојано ке бидат постојано забележани на  мојот репертоар.“