Почнува Фестивалот на камерен театар во Струмица
Девет претстави во трката за златниот медаљон
Дваесет и седмото издание на Фестивалот на камерен театар ” Ристо Шишков” свечено ќе се отвори вечерва во Центарот за култура во Струмица.
На отворањето ќе настапи Драмскиот – куклен театар од Враца – Бугарија со претставата “Убавицата и принцот” работена според новелата “Сонот на чичкото” од Фјодор Михаилович Достоевски.

До дванаесетти септември публиката ќе може да погледне претстави од Хрватска, од театрите од Прилеп, Охрид, Битола, Куманово и Скопје, а за главната награда – златниот медаљон со ликот на патронот - ќе се борат педесетина актери. Во рамки на фестивалот ќе се одржуваат и тематски разговори посветени на актерот и театарот.
Подготви Тања Сарандеска