ПОЛИЦИЈА

,,Казнети 47 возачи на мотори“

09.09.2019 14:05

,,При контрола за неколку часа казнети 47 возачи на мотори во Скопје“

Одделението за безбедност на патниот сообраќај  при СВР-Скопје вчера од 19 часот и 30 минути  до 1 часот по полноќ спровело  акциска контрола за откривање  прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје, при што биле санкционирани  47 возачи, а откриени се и 42 други прекршоци. Како што соопшти МВР , при контрола пак на моторни возила во период од 6 часа биле санкционирани   33 возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Биле откриени и  57 останати прекршоци за кои се издадени 12 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози .