Во петок ,,Прв балкански претприемачки самит“ во Скопје
Во петок Скопје ќе биде домаќин на првиот ,,Балкански претприемачки самит“ на кој се очекува да учествува регионалната бизнис елита.

Најавени се голем број врвни претприемачи што би требало да го олесни поврзувањето ,односно вмрежувањето на домашниот бизнис со водечките странски иновативни компании.
Аријана Коскарова-,,Креатив хаб“
,,Ги имаме сите добитници на ,,Форбс под 30“ наградата од Балканот и сакам да испратиме една зедничка порака дека сите заедно можеме да прогресираме преку заедничка бизнис соработка и дека тоа е она кон што треба да се насочиме. Очекуваме над 250 гости на самитот и имаме 30 учесници кои што ќе се обратат на настанот.“
Се повеќе домашните бизнисмени укажуваат на недостиг на квалитетна работна сила во одредени професии ,а некои дури бараат и увоз на странски работници .
Аријана Коскарова-,,Креатив хаб“
,,Ние како држава политички не сме многу стабилни и тоа е една од причините зошто младите заминуваат и тоа предизвикува проблем со кадрите.Како бизнис немаме кадри со кои што ќе можеме да работиме и тој мал пазар што е се иселува.Дефинитивно се потребни мерки за да се задржат добрите кадри за да можеме да функционираме.“
Сите говориме за претприемништвото, но претприемачите се жалат дека немаат соодветна поддршка од Владата , ниту пак од банките и од бизнис асоцијациите. На запад често се користи моделот на неформално образование за едуцирање кадар што не го создава образовниот систем.
Аријана Коскарова-,,Креатив хаб“
,,Треба да се направи една огромна реформа во програмите.Кај нас образованието за жал не вклучува пракса.Постојат бизниси како нашиот,кои како неформално образование ,што го доградуваме оној степен што му недостасува на формалното. “
Неопходно е формирање инвестициски фондови како насекаде во светот,вели Коскарова,затоа што стартап бизнисите се финансираат преку моделите на ,,бизнис ангели“ и ,,венчрс капитал инвестиции“ што достигнуваат огромни износи и затоа на западните иновативни компании им е лесно да се шират и да го освојуваат глобалниот пазар .
Свето Николовски
