БЕРБА

Лозарите ќе добијат дополнителни субвенции

10.09.2019 10:40

Лозарите од владата добија ветување за дополнителна субвенција од најмалку 1 денар за килограм.

Тие бараат и повисоки откупни цени од минатогодишните за да можат да ги покријат, како што велат, барем основните трошоци, и да покријат дел од штетите од сушата што ќе им собере голем дел од родот.

 Иако на почетокот се проценуваше како просечна родна година, лозарите веќе бараат да се прогласи елеменатрна непогода во Тиквешијата зашто на некои места има штети и преку 90 проценти, и велат дека сушата предвреме го „собрала“ родот од плантажите.

Лозарите, барем оние што ќе имаат што да соберат, бараат откупната цена да биде поголема од 2018 поради високите производствени трошоци.

Владата пак со ветување за дополнителна субвенција од најмалку 1 денар за килограм и проценка дека исплатата на винското грозје ќе буде побрза од законскиот рок од 6 месеци.

На вкупно 6.240 лозари веќе им се исплатени дополнителни субвенции од еден денар за килограм предадено грозје од минатата реколта, и на сметките им се префрлени вкупно 66милиона денари.

 Според првичните проценки на винарниците, се очекува откуп на околу 125 милиони килограми винско грозје, односно целото производство од индивидуалните лозари да биде откупено и платено според законот  и на рати.