КОНКУРС

Општина Крива Паланка

10.09.2019 11:13

Општина Крива Паланка распиша конкурс за доделување на наградите „8-ми Октомври", „Почесен граѓанин на Крива Паланка" и „Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на општината за 2019 годин“.

Наградата „8-ми Октомври"  општина Крива Паланка ја  доделува на  физички и правни лица  како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, кои се од големо  значење за развојот на општината..

Наградата „Почесен граѓанин на Крива Паланка"  се доделува на поединец–физичко лице државјанин на Република Северна Македонија  или странец за исклучителни заслуги и афирмација на Крива Паланка..Од Општината информираат дека по повод 8 Октомври, денот на ослободување на градот ќе бидат  доделени и  признанија за особени постигнувања  и придонес за развојот и афирмацијата  на Крива Паланка.

Право да предлагаат кандидати за наградите и признанијата имаат правни и физички лица со живеалиште на подрачјето на Општината Крива Паланка.

Конкурсот трае осум дена од денот на објавувањето, а предлозите за кандидати се доставуваат до одборот за доделување награди и признанија на  Крива Паланка во архивата најдоцна до 18 септември 2019 година.

подготви м-р Елизабета Кузмановска- новинар