ЛОНДОН

Кралицата Елизабета Втора го потпиша законот за Брегзит

10.09.2019 14:17

Одбиен прелдогот за предвремени избори, Парламентот суспендиран

Парламентот на Велика Британија е суспендиран до 14 октомври само две недели пред закажаниот датум за Брегзит. Пратениците го отфрлија предлогот за одржување предвремени избори за кои се залагаше премиерот Борис Џонсон. На 17 октомври ЕУ ќе одржи самит.

Кралицата Елизабета Втора го потпиша предлог-законот за спречување на Брегзит без договор на 31 октомври. Со најновата одлука, британскиот премиер Борис Џонсон ќе мора да бара од ЕУ уште едно одложување на рокот доколку Лондон и Брисел не успеат да постигнат договор до 19-ти идниот месец. Со 293 гласа „за“, пратениците во Вестминстер по вторпат во пет дена го одбија неговиот предлог за предвремени избори коишто ги најавуваше за 15 октомври.  Џонсон предпреди дека ќе ја искористи паузата на Парламентот за да врши притисок за преговарање на нов договор со ЕУ додека се подготвува и за Брегзит без спогодба.

Борис Џонсон - Премиер на Обединетото Кралство

Јас ќе одам на тој важен самит во Брисел на 17 октомври. Без разлика на тоа колку нови средства ќе измисли Парламентот да ми ги врзе рацете, јас ќе се стремам да добијам договор во национален интерес. Оваа Влада повторно нема да го одложи Брегзит. Нема да дозволиме јасната пресуда од референдумот да биде бавно задушена од натамошна парализа. 

За опозицијата, клучен предуслов е да се елиминира опцијата за сценарио без договор. Од Џонсон очекуваат да ја почитува новата измена на законот која доби и кралска согласност.

Џереми Корбин - Лидер на Партијата На Лабуристите

Премиерот не рече дека ќе се покори на законите на оваа земја. Не рече дека ги признава или прифаќа трите гласања во овој Парламент по негово барање.

Парламентот продолжува да работи на 14 октомври по годишните конференции на партиите. Три дена подоцна, дригите 27 земји-членки на Унијата ќе имаат самит во Брисел каде што би можело да се случи продолжување на рокот или промена на договорот за Брегзит. Доколку се согласат да му дадат нова спогодба на Џонсон, неговата влада ќе има само две недели да ја протурка  во Вестминстер. Аналитичарите тврдат дека шансите за ова се мали со оглед на неговите предуслови коишто ги преминуваат црвените линии на Брисел во однос на Брегзит.