ЕВРОКОМЕСАРИ

Претставен новиот состав на Европската Комисија

10.09.2019 16:21

Урсула Вон дер Лејен го претстави предлог-составот на Европската комисија.

Целта е постигнување родов баланс , и оттаму се предложени  13 жени и 14 мажи, подготвени за решавање на итни политички предизвици. најави првата жена која е избрана да ја предводи Европската комисија. 

Урсула Фон Дер Лејен

Денеска ви го преставувам новиот тим на Европската Комисија. Искусни и млади, од исток и запад, од север и југ. . Тим кој е добро избалансиран. Тим што има разноликост , одговорност и искуство. Сакам Комисијата  да биде решителна, јасно фокусирана, да ги решава прашањата веднаш  да дава одговори.

За македонската апликација за европска интеграција, е веројатно најбитен предлогот Ласло Трошањи за еврокомесар за соседска политика и проширување. Трошањи е поранешен министер за правда во кабинетот на премиерот Орбан, но не е партиски член.

Европскиот парламент треба да гласа за номинираните еврокомесари, кои би требало да стапат на должност на 1 ноември со мандат до 31 октомври 2024 година.

Пред Европската Унија следува период на дигитализација, на единствена одбранбена политика и на дигитализирана берза на трудот, рече Дер Лејен на прес конференцијата.

Значајна политика Брисел ќе води и во делот на заштитата на животната средина, со што потпретседател на таканаречениот зелен договор е предложен Франс Тимерманс, за дигитализација Маргарет Вестагер, додека за економија Валдис Домбровскиј.