СОБРАНИЕ

Денеска во Собранието средба Заев-Мицкоски за законот за ЈО

10.09.2019 13:46

Заев: сега имаме поважни работи од избори

Подготвен сум за разговор на сите теми, но пред се очекувам одговорност, вели премиерот Зоран Заев во пресрет на вечерашната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Тој не го оспорува барањето на опозицијата за предвремени избори, но смета дека во период кога очекуваме членство во НАТО и датум за старт на преговорите со Европската Унија, треба шанса да и се даде и на економијата. Заев изјави дека главна пречка во разговорите за законот за Јавно обвинителство е различниот став дали „бомбите“ треба да се користат во доказната постапка. Верен е дека сепак ќе се постигне консензус за законот.

Милчо Велески