ЕКОНОМИЈА

Средба на Владата и бизнисмените

10.09.2019 15:49

Бизнисот побара од владата , прво решение на тековните проблеми па потоа користење на држаната поддршка

Владата ги повика бизнисмените да аплицираат за финансиска поддршка за инвестиции во инсустријата и субвенционирање на повисоки плати , но тие и  порачаа прво да се најде   решение на тековните проблеми што им го попречуваат  работењето .. Се пожалија на бавноста на администрацијата , на царинските процедури , поплаки упатија  и за доцнењето на корекциите и носењето нови закони од кои им зависат бизнис зделките ..

„Во производството не смее да има чекање и доцнење повеќе од седум дена. Во ред е ова што го прави Владата за да ни помогне, но има многу проблеми кои не се решени. И да земеме поддршка од државата, како ќе ја искористиме кога се соочуваме со вакви потешкотии“, нагласи  Мирослав Ѓоргиовски – менаџер на компанија

До крајот на месецов може да се поднесуваат апликацииѕе , до 25 декември парите од државната каса ќе легнат на сметките на фирмите, уверува  Вицепремиерот Ангушев ..
До моментов, 4.000 компании се квалификувани да аплицираат за мерката. Аплицирајте, средства во Буџетот има и ќе бидат до денар префрлени до 25 декември, како минатата година, потенцира Анѓушев, додавајќи дека мерката опфаќа и нематеријално производство (на софтвери), а се однесува и на земјоделскиот сектор, во делот преработка- рече Вицепремиерто Кочо Ангушев

Ги повика менаџерите да стават се изјаснат со свои предлози и забелешки и за законот за субвенционирање на придонеси поставен на ЕНЕР .. Им објасни : фирмите ќе плакаат само нето плата и песоналец од 10 проценти , останатите 37 за здравстевмо и пензиско ќе бидат на товар  на државата .Процедурата е едноставна, само се пополнува за колку платата е зголемена  тврди  Ангушев..

Бизнисмен
Земјава се соочива со немање соодветен кадар, мерката е креирана да стимулира вложување во човечки капитал- велат од Владат ..За неа се проектирани 40 милиони евра од државнатакаса

Сузана Фиданска Стоевска