СОБРАНИЕ

Без договор за законот за ЈО

11.09.2019 10:44

И по седумчасовни преговори останаа клучните разлики.. Лидерската средба во раните утрински часови заврши без договор за законот за JO и идниот статус на СЈО..

Според извори од преговарачките тимови , власта понудила да се направи ново обвинителство за висока корупција  кое ќе утврдува криминал кај фунционерите а ќе го раководи Jавен Oбвинител предложен од опозицијата, поддржан од 61 пратеник во собранието.. ВМРО ДПМНЕ со став , да се укинат сите предмети на СЈО отворени по 30-ти јуни 2017-тата .. На 15-ти спетември завршува мандатот на специјалната јавна обвинителка , Јанева која во моментот е во притвор. Согласно законските овластувања Јавниот обвинител Јовески треба да одреди кој Јавен обвинител ќе го продолжи секој од преметите..