МЕХАНИЗАЦИЈА

Потпишување на договори за ИПАРД 2

11.09.2019 10:47

Земјоделците со 10 милиони евра од ИПАРД 2 програмата ќе се подноват со нова механизација.

Платежата агенција во текот на овој месец ќе потпише договори со 800 земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на финансиската поддршка од европскиот претпристапен фонд.

Потпишани првите десет договори од третиот повик од ИПАРД 2 програмата. Земјоделците со овие пари ќе ги кофинансираат трошоците за набавка на мотокултиватори, балирачки, косачки, системи капка по капка, опрема за благосостојба на животните и унапредување на домашните фарми, инвестици во реконструкција и изградба на фарми и други вложувања кои ќе овозможат земјоделците полесно и на побрз начин да ги извршуваат работите на нива или на фарма и да го модернизираат производството.
Во текот на септември треба да се потпишат уште 800 договори за 10 милиони евра, а првите кои се веќе потпишани се со вредност од 137 илјади евра.
На првиот повик од ИПАРД 2, се склучени 950 договори, за  сума од скоро 22 милиони евра . Од овие договори, 870 апликанти веќе ги завршиле инвестициите и доставуваат барање до Агенцијата да им ги префрли парите во износ од 14 милиони евра.
Досега на 483 земјоделци целосно им се исплатени средствата од ИПАРД како прифатливи инвестиции од  6.7 милиони евра.