Праскијада 2019
Собрани средства за дистрибуција на 20 000 топли оброци за социјално загрозените граѓани

Џемови,торти,салати,сокови...Повеќе од 800 посетители ги пробаа специјалитетите од праска на првата хуманитарна „праскијада“ 2019 која неодамна се одржа во градскиот парк...Целта исполнета- со преку 1000 донации се собраа средста за дистрибуција на 20 000 топли оброци за социјално загрозените граѓани..Организаторите на настанот којшто беше поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество со надеж дека „Праскијадата“ ќе стане традиционална...
„ Дефинитивно наредната година ќе направиме уште поголем настан со поголема понуда за посетителите,но исто така се надевам дека рестораните кои оваа година учествуваа на праскијадата понудените рецепти од настанот ќе го воведат во своите мениа “ - Блаже Јосифовски здружение „Ајде Македонија“
Здружението „Ајде Македонија“ и мрежата „Сите сити“ во 2018-та почнаа да го развиваат системот за донирање на вишокот храна и досега успејаа да спасат големи количини прехрамбени производи благодарение на соработката со повеќе од 20 компании од индустријата за храна и 30 партнерски граѓански организации...
„Над 100 тони храна успеавме да спасиме во изминатиов период што би значело дека повеќе од 430 илјади граѓани добија оброк плус..Ова се секако фасцинантни бројки имајќи предвид дека проектот е сеуште во развој,но покажува дека имаме голем потенцијал и дека треба да бидеме поддржани од различни фактори„ - Блаже Јосифовски здружение „Ајде Македонија“
До следната праскијада во „Ајде Македонија“ не мируваат..Во октомври ќе се одржи 4-та по ред акција „Нахрани 10 000„ ..Уште еден предизвик за хуманост на дело...Нови 10 000 граѓани чекаат на ред за оброк плус ...
Кристина Талеска Големтеова
