РОДИТЕЛСТВО

Најчестите стравови кај децата

11.09.2019 12:58

Стравовите се неизбежен дел од животот. Често се поврзани со фазите во развојот на секое дете.

Што ги предизвикува и што треба да се направи кога стравот ќе прерасне во пореметување кое го попречува развојот на детето.

Смисолот на стравот е да не штити од опасностите и да не научи да бидеме претпазливи. Децата често за многу работи и немаат страв, но во тоа време ги штити стравот на родителите. Така децата учат што е опасно, а што не е.

Стравовите поврзани со развојот присутни се  најголем дел од времето на промените во животот на детето. На пример, мајката излегува во парк со својата едногодишна ќерка која за прв пат се одвојува од неа за да ја  истражи интересната лулашка. Многу бргу девојчето ќе се исплаши дека ќе ја изгуби мајката и со плачење се враќа кај неа. На овој начин стравот и овозможил да истражи нова работа, но и да не се изгуби. Сличен процес се случува и со повозрасните деца. На пример,  момченце прв пат останува само на некоја спортска активност. Откако ќе се врати мајката, стравот кој детето го чувствувало ќе се замени со чувството на гордост и момчето со тоа направило уште еден чекор во растењето.

Промените во растењето кај многу деца се на пример тргнувањето во градинка, училиште, влегување во пубертет. Многу од развојните стравови наеднаш ќе изчезнат кога детето ќе ја помине оваа фаза и ќе се навикне на новата ситуација. Се разбира сето тоа не го поминува без родителите или за детето важните блиски луѓе. Нивната близина е многу важна бидејќи ако ги нема стравовите можат да станат преголеми и да се развлечат. Десетте најчести стравови кај децата се темницата, одвојувањето, губитокот на љубовта, чудовишта и разбојниците, животните, водата, грешките, болеста и смртта, самостојноста и докторот. Во ваквите ситуации родителите се како сигурно сидро. Кога децата чувствуваат страв, родителите треба веднаш да се вклучат колку и да изгледаат стравовите смешни, небитни и ирационални. Стравовите се дел од развојот и за да не прераснат во пореметување, родителите мораат примерно  да реагираат. Тоа не  значи дека стравовите треба да ги ,,одземат,,. Напротив, тие  треба да се доживеат, па да се научи да се носат со нив и на крајот да се победат. И тоа со многу родителска поддршка, прегратки, разговори и внимание. Детето треба да почувствува дека го сфаќате сериозно и дека сакате да му помогнете да ги победи стравовите. Можете да си играте некоја игра, да цртате, да му раскажете некоја приказна со истиот страв, но со позитивен крај, можете да направите малечка претстава или да читате пригодни  за сутацијата сликовници. Сигурно ко од ракав можете да извлечете слична приказна и сопствена случка колку сте се плашеле од нешто кога сте биле дете. Така му покажувате на детето дека вие сте го совладале стравот и дека истото и тоа може да го направи. Стравовите кои ќе останат непрепознаени и без поддршка на родителите можат да се претворат во огромни ,, чудовишта,, и подоцна да направат тешки пореметувања како што е депресијата. Случувањата кои можат да ги предизвикаат се смртните случаи, разделување од родителите, тешка болест во семејството и напад од куче. Исто така физичкото казнување, малтретирањето или емоционалното запоставување  можат да да предизвикаат стравови кои преоѓаат во пореметувања. Понекогаш однесувањето на детето, кое е исплашено, се толкува како незаинтересираност и недостиг на мотивација, а понекогао децата подолго време покажуваат загриженост за секојдневните случувања, напнати се, реагираат пребурно и се жалат на болки во стомакод или главата. Кај повозрасните деца појаките стравови се манифестираат низ забрзан пулс, потење, чудни движења на телото, пелтечење и тикови. Ако се појават вакви знаци дека со детето нешто се случува, побарајте помош од психолог. Тој же ве упати како адекватно да му се помогне на детето