„Трчај бе“ викендов во Битола
Успешна летна сезона со многу истрчани километри зад себе. Маратони, полумаратони и градски трки дел од остварената цел на нашиот атлетичар Александар Кираџиев.

Задоволен е од постигнатото...но, секогаш може повеќе. Приказната со трчањето продолжува, се смени раководството во атлетската федерација и се отворија нови можности и подобри услови за младите тркачи.
Минатиот викенд заедно со својата сопруга беа дел од првиот полумаратон во Нови пазар, а во наредниот период го очекуваат повеќе трки, една од нив е на 15 септември- „Трчај бе“ првата градска трка во Битола
...„ Иницијативата е за голема пофалба, организаторите најавуваат вистински спектакл. Заинтересираноста за градската трка е огромна, дел од неа ќе биде и Теодора Симовиќ која е актуелна балканска првенка на 10 км улични трки“, изјави маратонецот Александар Кираџиев
Доаѓа есен, Кираџиев се подготвува за нови предизвици. Мотото е- никогаш не се откажувај од поставената цел, годините се само број.
Подготви – Анита Никушева-Јованчев - новинар
