НИВА

Поднесени барања за обработување на земјиште

12.09.2019 10:56

Земјоделците кои добиле државно земјиште под закуп до 27 август ги поднесуваа барањата за воведување во владение.

Документите се во подрачните на министерството за земјоделство, а доколку во рок од 60 дена достават доказ дека ги измириле обврските, нови договори ќе можат да склучуваат и оние кои нередовно ја плаќале закупнината.
         
На 27 август истече рокот за поднесување на барања за добивање на владение и обработување на државно земјоделско земјиште добиено под закуп.
Според новите правила барањат се доставени  до подрачните единици на Министерството за земјоделство, во регионите каде што се наоѓа земјиштето.
Со измените на законот исто така  почнува да тече и рокот за поднесување на барања за склучување на нови договори за закуп на државно земјоделско земјиште, за сите физички и правни лица на кои поради неплатената закупнина им е раскинат договорот, а земјоделското земјиште е сеуште во нивно владение.
Ова е една од измените со која што се овозможува и се дава шанса на сите закупци кои во рок од 60 дена ќе достават доказ за платена закупнина со казнена камата за задоцнето плаќање и надмест на штета да имаат можност за склучување на нов договор.
Новиот договор ќе биде склучен под истите услови за преостанатиот временски период до кога траел претходниот.