Халиловиќ, нов случај Неимар ?

03.03.2014 18:32

Може ли хрватскиот тинејџер Ален Халиловиќ, кој деновиве потпиша за Барселона да биде „новата афера Нејмар ?“.

Ова е главното прашање што го поставува шпанскиот весник Марка коу не му е јасно колку Барселона ќе му плати на Динамо Загреб за фудбалскиот супер-талент.

Навивачите на Барса се воодушевени но и стравуваат и се прашуваат дали може и овој трансфер да заврши на суд ? „ Износот на трансферот не е јасен. Некои извори велат дека се работи за три милиони евра, кои би можеле да се зголемат на дури десет милиони, што е преголема сума за еден 17-ет годишен фудбалер, особено ако се знае дека тој следната сезона ќе игра за Б екипата на Барселона“, пишува Марка и додава дека новиот претседател на Барселона Хосеп Мариа Бартомеу треба да ги објави деталите од првиот трансфер во својата ера, и да ги отстрани сите сомнежи, особено по неславниот расплет во случајот Неимар.

Шпанскиот суд покрена обвинение против Барселона поради „фризирање“ на цифрата што каталонскиот гигант му ја исплати на Сантос за бразилската ѕвезда Неимар.

Интересно е што новинарот на Марка нагласува дека Барса можеше да мине и многу поевтино. Контроверзен е фактот што на 17-ет годишниот Халиловиќ договорот со Динамо му истекува на крајот од сезоната, па Барселона можеше да го добие и бесплатно.