ПИВОФЕСТ

„Скопје Пивофест 2019“

12.09.2019 11:03

Од 12-ти до 15-ти септември, богата музичка програма и промоција на повеќе од 60 различни видови пиво на фестивалот „Скопје Пивофест 2019“-

Со цел промоција на македонските и интернационалните брендови пиво, креирање на пивски бренд фестивал и зајакнување на пивската култура во Македонија и годинава ќе се одржи традиционалната манифестација „Скопје Пивофест 2019“. Истата, покрај другото се организира и за креирање можност за зголемена продажба и промоција на  пивските брендови, но и на Град Скопје како град на љубителите на пивото.Стадионот АРМ во Скопје деновиве  повторно ќе биде домаќин на музичката програма на овогодинешниот фестивал на „Скопје Пивофест 2019“.

Покрај можноста за дегустација на повеќе од 60 различни видови на пиво, фестивалот ќе понуди одлична музичка програма, како и голем број забавни активности. Околу 15 музички  артисти и групи од домашната и регионалната музичка сцена деновиве  ќе ја забавуваат публиката од 12 до 15 септември. Во вечерната програма ќе настапат домашни и регионални, веќе докажани  музичари, но и млади алтернативни бендови, како  Кирил Џајковски, Ван Гог, С.А.Р.С., Горан Трајковски, Чиста Околина, МВР СВР, Паркети,  Баилдса, Палиндром, Кепурдат, Конкверинг лајн, Зи Бомб, Лет 3.Покрај главната сцена, оваа година на фестивалот ќе биде додадена и „silent disco“ сцена на која посетителите ќе можат, со помош на слушалки, да уживаат во некој од понудените жанрови. Оваа сцена ќе започне во 22 часот и ќе трае се до доцните ноќни часови.

Првите три дена од фестивалот, пред почетокот на музичката програма, ќе бидат резервирани  за актуелното европско првенство во одбојка. На него годинава за прв пат настапува и нашата земја, чии натпревари во текот на овие денови ќе се следат на видео бим поставен во стадионот. Влезот е бесплатен.

Јасмина Никова