Дневен центар Валандово
Еднакви можности за сите деца

Учениците од 5-А одделение од ООУ "Јосип Броз-Тито" Валандово, го посетија дневниот центар во Валандово, ја покажаа својата хуманост и израдуваа неколку дечиња со посебни потреби кои ги користат услугите на истиот. При посетата, учениците од "Јосип Броз - Тито", на дечињата од дневниот центар им врачија подароци обезбедени од претходно организираната училишна драмска претстава, заедно со нив другаруваа, играа и се радуваа. Ги срушија бариерите и ширеа љубов, и докажаа дека не постојат разлики меѓу децата.
Целта на оваа активност беше да се подигне јавната свест за децата со посебни потреби и да се потенцира потребата од нивна инклузија во заедницата и можност да покажат што знаат, умеат и можат. На овој начин се нагласи потребата од продолжување на градење еднакви услови за сите, преку темелен и системски пристап на општеството.Да покажеме големина и да не дозволиме никој околу нас да се почувствува отфрлен зошто сите сме исти, стои во соопштението на општина Валандово.
Дневниот центар во Валандово има капацитет за згрижување на 20 лица. Децата во дневниот центар имаат постојана грижа и можност да напредуваат и да ги развиваат своите способности. Секојдневно работат со дефектолог и стручните лица од Центарот за социјални работи од Валандово, имаат поддршка за напредок и развивање на нивна социјализација и дружење во рамки на овој дневен центар
Подготви Анита Никушева- Јованчев-новинар
