ЗДРАВЈЕ

Добра навика – напиток за добро здравје

12.09.2019 14:31

Какаото ги чува срцето, мозокот и кожата и штити од карцином

Уште едно истражување кое потврдува дека какаото е природен лек! Оние кои пиеле какао со високи нивоа на флавонол велат научниците значително го намалиле притисокот и ја подобриле функцијата на крвните садови.

Какаото е познато како растение кое го штити организмот од слободните радикали, ги намалува стресот и депресијата, штити од срцеви заболувања и многу видови на карцином. Тој е одличен извор на железо! Покрај тоа, какаото го регулира нивото на шеќер и холестерол, промовира подобра меморија и  концентрација. Истражувањата воедно потврдуваат дека овој магичен напиток го намалува ризикот од срцев и мозочен удар, го забавува процесот на стареење, ја омекнува кожата,и е моќен антиоксиданс.

 Флавоноидите во оваа напивка ја забрзуваат циркулацијата и снабдувањето со кислород до мозокот, а тоа ја спречува деменцијата. Исто така, научниците го класифицирале какаото во таканаречената супер храна и тврдат дека има трипати посилен ефект врз здравјето на организмот отколку зелениот и црниот чај.

Во тримесечна студија, холандски и германски научници докажале дека кожата на жените кои консумираат чаша топло какао секој ден станува нежна и помалку чувствителна на ефектите на сонцето. Тие исто така го докажаа тоа што го знаеја Ацтеките. Какаото го стимулира мозокот да создаде ендорфин, што доведува до релаксација, олеснување на стресот и болка. Исто така, го стимулира лачењето на допамин и серотонин, кои го зголемуваат нивото на расположение, што ги тера луѓето склони кон депресија да јадат огромни количини чоколадо.И она што е најважно - за разлика од синтетичките лекови,консумацијата на какаото не пројавува никакви несакани ефекти!!